Toše Proeski - За Овој Свет (Za Ovoj Svet) текст на песента (lyrics)

[Toše Proeski - За Овој Свет Za Ovoj Svet текст на песента lyrics]

Ќе чуеш глас, понекогаш деца страдале
О Боже, не

На вести слушам повторно
Во светот негде нова војна ново насилство

Ни треба мирен сон ни треба невиност
Да нема страв и солзи сето зло да исчезне
Да нема тажен ден за нас

За овој свет еден и единствен
Треба сѐ да сториме само тој го имаме
За овој свет кој ни е единствен
И со детска насмевка треба да се бориме
За овој свет

Во срцата не допира за трошка љубов
Секој миг по една молитва

Децата се невини да учиме од нив
За вербата и надежта нам ни треба да е жив
Сонот што ги храни нив за спас

За овој свет еден и единствен
Треба сѐ да сториме само тој го имаме
За овој свет кој ни е единствен
И со детска насмевка треба да се бориме
За овој свет

Нема страв, нема глад
Да нема грижи за никого

За овој свет
Еден и единствен (Еден и единствен)
Треба сѐ да сториме (Треба сѐ да сториме)
Само тој го имаме (Само тој го имаме)
За овој свет (За овој свет)
Кој ни е единствен (Кој ни е единствен)
И со детска насмевка (И со детска насмевка)
Треба да се бориме (Треба да се бориме)

За овој свет (За овој свет)
(Еден и единствен, Треба сѐ да сториме)
(Само тој го имаме)
(За овој свет) За овој свет
(Кој ни е единствен) Единствен
(И со детска насмевка)
(Треба да се бориме) Треба да се бориме
За овој свет
Интерпретирайте